Традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“ на 16, 17 и 18 септември

НАШ ПРЕДЛОГ

Јанева ќе го тужи советот на обвинители? Ќе бара укинување на притворот, гаранција ќе биде имотот

Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица...

До среда сончево и топло, од четврток заладување и дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и...

Годинава 15 физички напади врз лекари – АРМ ќе се грижи за безбедноста на медицинските работници?

Од шест, пред 5 години, бројот на официјално пријавени случаи на нападнати здравствени работници е зголемен на 15. Од...

Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија на 16, 17  и 18 септември (понеделник, вторник и среда) ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел, веќе неколку години,  да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети. Старото јадро е културен и духовен споменик на градот, а намерата на организаторите е да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес.

И овојпат е направена богата културно-забавна програма чија цел е да ги анимира посетителите на овој дел од градот. Манифестацијата почнува на 16 септември (понеделник) во 14 часот на плоштадот Скендербег со настанот „Старата скопска чаршија во делата од литературните творци“.

Во 18 часот на Камениот мост ќе биде поставена изложба на фотографии на чаршијата, дела на  Арбнора Мехмети и Зоран Шекеров. Во 17 часот на плоштадот Скендербег ќе настапат културно-уметничките друштва „Илирида“, „Студио фолклор“, „Јени Јол“ од Скопје и „Шамикуќет“ од Урошевац. Потоа од 19 часот ќе настапи „Емин Салихи бенд“ во состав:  Хана Палоши, Филонид Алиу, Доника Домазети. Во 19 часот во КИЦ – Скopje изложба ќе има „З.У.К. Силиндарт“, а во 20 часот на плоштадот Скендербег со солистички изведба ќе се претстави гитаристот Артан Кастрати. Во 20 часот на истото место е балетската изведба на претставата „Сон“, а во 21, 20 часот ќе насрапи „Кода бенд“. Во 21 часот во паркот на Скопското кале ќе се одржи кино под отворено небо со проекција на филмот „Враќање“ на Кастриот Абдули.

На 17 септември (вторник) во 20 часот на платото пред Универзитет на Југоисточна Европа во програмата се проектот „Деструкција ритам“ на уметникот Исмет Рамиќевиќ и музика од Сецко Хаџиќ. Во 21 часот ќе се одржи концерт на Камениот мост,  плоштад Филип Втори, на диџеј Електрон, Тамара Тодевска, Ил Лимани, Дафина Зечири, Сафи и диџеј Гик, и Луми Би и диџеј Флоу. Третиот ден 18 септември (среда) на истото место во 21 часот е концертот на диџеј Пити, Канита Сума, Линдон Бериша и Елвана Џата

– Целта на проектот е презентација на различните традиционални уметности, традиции и култури во Македонија. Со еден збор ова е зближување и подобро запознавање меѓу етникумите во земјата, значи доближување до граѓаните преку културата – велат организаторите.

- Реклама -
- Реклама -
- Реклама -

LIVE NEWS

Влошена здравствената состојба на Катица Јанева во „Шутка“ – секојдневно примала терапија

Влошена е здравствената состојба на екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дознава ТВ21, а потврдува нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за...

Меџити во #ClickPlus: ВМРО и СДСМ многу често за да ги сокријат нивните скандали ги напаѓаат албанските партии

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити во вечерашното прво издание од новата сезона на дебатната емисија #ClickPlus на ТВ21 зборуваше за отворањето на постапката од...
video

Јусуфи за ТВ21: Не е добро предметите од СЈО да ги преземе јавното обвинителство

„Лично сметам дека воовој правец треба да се размислува за нов закон. Закон кој ќе ги опфати и предметите. Не е добро решение предметите...
video

ТВ21 ИНТЕРВЈУ со Ирена Фрчкоска – адвокат на Катица Јанева

Интервју со Ирена Фрчкоска - адвокат на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Разговорот го води, Светлана Ункоска. https://youtu.be/SN2Uc4FcHXA
video

Јусуфи за ТВ21: Законот не е усвоен, значи нема кој да работи и кој да ги води предметите во рамките на СЈО

„Усвоениот закон тогаш, предвидуваше мандатот на СЈО да биде 5 години. Во овој случај кога обвинителот кој раководеше со СЈО е разрешен според член...
- Реклама -
- Реклама -
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com