Титулата се сели на север: Торонто прв пат во историјата стана НБА шампион!

Ноќеска се случи нешто кое за прв пат се случува во историјата на професионалната американска кошарска лига НБА. За прв пат титулата се сели во Канада, откако Торонто Репторс со победата над Голден Стејт за прв пат во историјата стана првак.

Тимот од Канада со 114:110 и победа во серијата од 4:2, стави крај на доминацијата на Голден Стејт

Исто така Торонто е првиот тим кој што успеал три пати во гости да го совлада актуелниот првак во финалната серија.

Кавај Ленард е прогласен за МВП во финалето, за кого ова е втора НБА титула, откако првата ја освои 2014 година како кошаркар на Сан Антонио.