Тетово: Опожарени возила на ЕВН – Османи: Приведувањето е поради фејсбук објава

НАШ ПРЕДЛОГ

Пановски: 100 души инфицирани треба да кашлаат на едно место за полуживотот на вирусот да трае

Во „Клик Плус“ вечерва се дебатира за коронавирусот. Гости се Никола Пановски, Арбан Зибери и Злате Мехмедовиќ....

Пановски: Дел од мерките на почетокот беа нелогични, пример носењето на ракавици

Проф. д-р Никола Пановски во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва рече дека и денеска не му се...

„Вирусот го губеше својот интензитет, сега се наоѓаме во пик!“, рече Мехмедовиќ во „Click Plus”

Доктор Злате Мехмедовиќ во „Клик Плус“ смета дека сега е пикот на вирусот, но дека нема толку...
-Реклама-

Поради тоа што вчера по полноќ две возила на ЕВН биле опожарени, полицијата го лишела од слобода во раните утрински часови Кренар Османи, кој е еден од членовите на организациониот одбор за протести против поскапување на електричната енергија.

Османи за ТВ21 вели дека полицијата го задржала до 8 часот наутро и против него е покрената кривична пријава со редовна судска постапка.

- Реклама -

„Ме земаа на информативен разговор, потоа излезе приведувањето. Ме поврзуваат со опожарувањето на две возила на ЕВН, а во врска со мојата објава – „САКАТЕ ИГРА, ИГРА ЌЕ ИМАТЕ“. Во 8 часот ме ослободија и пријавата ќе оди во редовна судска постапка. Ќе биде кривично дело врз основа на член 828 алинеја 1, загрозување на општата безбедност и опожарување“, истакна Кренар Османи.

Од СВР Тетово, велат дека по расветлувањето и документирањето на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Реклама -

„Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од  00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“, со тетовски  регистарски ознаки“, велат од СВР Тетово.

Инаку, во 18 часот се протестираше во неколку градови низ државата против поскапувањето на електричната енергија од 7,4 отсто. Ова е втор протест. Организациониот одбор на протестите бараат да се повлече одлуката за поскапување, воедно и цената на струјата да се намали, но и да се распушти Регулаторната комисија за енергетика бидејќи според нив таа не работи во интерес на граѓаните, туку на компаниите.

#CLICKPLUS

#CLICKPLUS | 01.10.2020

#CLICKPLUS | 01.10.2020 И по шест месеци од пандемијата што научивме од Ковид-19? Гости: Проф. д-р Никола Пановски, Д-р Арбен Зибери, Д-р Злате Мехмедовиќ

Posted by TV21 on Thursday, October 1, 2020

Во Британија стапката на инфекција со Ковид-19 се зголеми четирипати за еден месец

Стапката на инфекција со коронавирус во Велика Британија се зголеми за четирипати во последниот месец, објавија британските научници врз основа на случајно...

Дебарските гимназијалци го бојкотираа првиот училишен ден, утре ќе протестираат

Учениците од Средното општинско училиште „28 ноември“ во Дебар, денеска го бојкотираа почетокот на учебната година.  Како што претходно...

Димитров на видео-конференциски состанок со еврокомесарот Вархеји и колегите од регионот

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров попладнево учествуваше на работен видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседство и проширување...

Среќна недела во Нептун од 01-08 октомври – Големи попусти и до 60 рати без камата!

HAPPY WEEK акција во Нептун со големи попусти и до 60 рати БЕЗ камата на цените со попуст! Од 01-08 октомври, до...

В недела по 16-ти пат Скопски маратон

Во вчерашната емисија „Урбан таг“ гостинка во студиото Гордана Кузмановска Николовска, дел од организацијата на Скопскиот маратон кој треба да се случи...