Тетовец со изум што воодушевува – го пали автомобилот со удар на рацете

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Овој автомобил не е ниту Ламборџини ниту Ферари, туку Фиат Полски од 1990. За да тргне, не е потребен клуч, бидејќи студентот по мехатроника Адем Амети направил тој да се пали со удар на рацете.

„Посебно е тоа што го модифицирав малку, поставив неколку дополнителни микроконтролирачи кои ги програмирав самиот. Долго работев на овој автомобил и првично беше автомобилот да се пали со смартфон, преку блутут електронските уреди кои ги има внатре, потоа продолжив со радарски систем и сега со удар на рацете се пали од внатре или од надвор“, истакна Адем Мемети.

Адеми вели дека е многу тешко да најде електронска опрема бидејќи оваа индустрија не е развиена и единствената опрема што може да ја најде е многу скапа.

„Кај нас е многу тешко да најдеш електронска опрема, а и ако ја најдеш е многу скапа, но проблем е и што не се користат не се многу активни во нашиот регион“, посочи Мемеди.

Адеми направил многу модификации на овој автомобил. Вели дека во иднина ќе го модифицира палењето и со други системи, а овој изум планира да го пласира на пазарот со цел оваа идеја да се применува во пракса.

Тетовец со изум што воодушевува – го пали автомобилот со удар на рацете

Тетовец со изум што воодушевува – го пали автомобилот со удар на рацете

Gepostet von TV21 am Montag, 18. Mai 2020