Тензии во судницата меѓу Фетаи и Рауфи – вештачењето ги „скара“ одбраната и обвинителот во „Монструм“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Останаа уште две или три рочишта за случајот „Монструм“ за да заврши судењето, односно повторното судење. На денешното рочиште имаше тензии меѓу обвинителката на предметот Фатиме Фетаи и адвокатот на одбраната Насер Рауфи за експертизата на земјиата од местото каде се случило петкратното убиство. Адвокатот на одбраната вели дека експертизата е лажна и дека случајот е монтиран.

„Госпоѓата Антиќ нема практично направено вештачење на земјата, туку има направено анализа. За таа анализа немаме записник, ниту извештај, туку божемна анализа, замислете само на двете парчиња земја, не како што кажа Снежана дека направила од земјата и дека констатирала со гранулите какви елементи има таму. Тоа значи дека станува збор за уште еден фалсификат и принудени сме не на една туку на две тужби и против сведокот“, истакна Насер Рауфи.

Обвинителката на предметот, Фатиме Фетаи се спротивстави на изјавата на адвокатите. Таа рече дека тоа нема врска со лажното вештачење како што претендира страната и дека најдената земја на  местото на убиството кореспондира со земјата најдена во возилото Опел Омега.

„Немаме додатни зборови за експертизата бидејќи недостига делот од анализата со скенирачки микроскоп нешто што сега го објаснува и експертот. Значи употребени се неколку методи и дојдено е до тој резултат што го имаме во вештачењето и уште еднаш го потврдува земјата од местото на настанот и од возилото Опел Омега која е иста“, посочи Фатиме Фетаи.

Во меѓувреме Фетаи објасни дека проблемот кој се појавил на последното рочиште е дека во вештачењето на земјата недостасувал делот од анализата направена со помош на скенирачки микроскоп. За убиството на 12 април 2012, обвинети се Халил Демири и Африм Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.