Текстилните работнички во коронакриза – Хавзиу: Трудов инспекторат со помалку поплаки од почетокот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шест илјади преставки до Трудовиот инспекторат пристигнале од почетокот на ковид кризата и голем дел од нив имале позитивна разрешница, изјави во интервју за тв21 директорот на Државниот инспекторат за труд, Аљајдин Хавзиу. Тој вели дека најголемиот број претстваки се однесувале на владината одлука за ослободување од работа на хронично болните и родителите на деца до 10 годишна возраст но и на условите во кои тие работат.

„Тоа беа најголем дел од претставките. Исто така имавме и претставки и за условите за работа. Во почетокот тоа одеше многу тешко, дури се обезбедат средства за дезинфекција, маски, така што со тек на времето и работодавачите сватија дека тоа е реласнот и дека тоа така треба да биде бидејќи тоа и дома го правиме“, посочи Аљајдин Хавзиу.

Хавзиу вели дека во одредени ситуации биле поднесувани и кривични пријави поради отпиштања од работа без отказен рок.

„Се знае согласно закон дека газдарта треба да даде 30 дена законски рок со писмено известување ради прекин на работниот однос. Сите тие претставки што дојдоа кај нас во тој период по овој основ мислам дека успешно сме ги вратиле на работа сите што добиле незаконски реешение“, додава Аљајдин Хавзиу.

Тв21 веќе објави дека условите во кои работат текстилните работнички и во време на корона вирусот е крајно загрижувачка и застрашувашка. Сведочењето на текстилната работничка која поради безбедност сакаше да остане анонимна рече дека  дека газдите за да бидат чисти пред законот уплаќаат минималец, а подоцна на рака бараат дел од парите да им биде вратен.

„Газдите повторно се служат со старите штосиви кои ги имаа. Ќе ти пушти 14.500 ден и пак на рака ќе ти бара да му ги вратиш. Тоа беше прекинато, но сеа со короната пак се појави. Значи немаат ни малку жал ни грев. Со исклучок, но тие се многу малку“, посочува анонимна работничка.

Деновиве зарада непочитување на мерките за заштита, коронавирусот повторно се врати во штипските конфекции. На последниот кризен штаб, инспекторите, побараа повторно да се заголемат контролите на автобускиот превоз, но и да нема групирање на работниците за време на паузите.