Теарце осум дена без вода за пиење – мини хидроцентралите ги оставија жителите без решение

НАШ ПРЕДЛОГ

Протести против поскапувањето на струјата во Кичево

На градскиот плоштад во Кичево денеска се одржа мирен протести против поскапувањето на струјата.

Косово ги отвора границите кон Македонија, Албанија и Србија

Владата на Косово на денешната попладневна седница одлучи „да ги отвори државните граници на Република Косово“ со...

🔴 [ВО ЖИВО] Протест во Тетово

Во Тетово попладнево е организиран масовен протест против поскапувањето на струјата. Во продолжение следете...

Теарце осум дена е без вода за пиење. Поплавите кои се случија на 23 јуни го оштетија коритото на реката и потоа трите хидроцентрали изградени во реката Бистрица која поминува по Теарце, ја загадува водата за пиење и како последица на тоа не функционира системот за филтрација, при што над 60% од жителите се без вода.

- Реклама -

Директорот на комуналното претпријатие вели дека хидроцентралите го загадуваат речното корито и поради тоа системот за филтрирање не функционира. 

- Реклама -

„Има големи штети во нашиот филтер систем и го прекинавме бидејќи е оштетен. Сега ни излезе проблем бидејќи хидроцентралите го чистат коритото и ја загадуваат водата која е многу непријатна за луѓето и мораме да го запреме филтер системот, а Теарце без филтер систем не може да егзистира“, Мефаил Мифтари.

- Реклама -

Жителите на Теарце велат дека во време на пандемија и кога температурите се високи тешко им е да одржуваат хигиена и ја изгасат жедта на ова време.

„Осум дена немаме, откако се случија поплавите немаме вода, едвај преживуваме на оваа горештина, има деца, стари луѓе, луѓе кои чуваат добиток дома, и со пандемијава, голем проблем е“, вели жител.

„Општината треба да знае за водата дека нема воопшто, водата е загадена“

Во реката Бистрица која минува низ Теарце изградени се три мини хидроцентрали, а дел од оваа општина се снабдува со вода за пиење токму од оваа река. Во повеќето случаи хидроцентралите испуштаат отпад и водата во ова село ја загадуваат. Слична ситуација кога анализите покажаа дека водата не е за пиење имаше и во текот на 2019.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Косово ги отвора границите кон Македонија, Албанија и Србија

Владата на Косово на денешната попладневна седница одлучи „да ги отвори државните граници на Република Косово“ со Северна Македонија, Албанија и Србија, јави...

🔴 [ВО ЖИВО] Протест во Тетово

Во Тетово попладнево е организиран масовен протест против поскапувањето на струјата. Во продолжение следете го протестот во живо на...

Костовски: Сценариото се спремало – тие кои знаеле дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната...

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000 – пристапот на широко тестирање дава резултати

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под...