Таравари за локалните избори: Ако ДУИ коалицира со СДСМ, ние ќе коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ и обратно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците вечерав во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, рече дека на следните локални избори доколку ДУИ повторно коалицира со СДСМ, тие ќе бидат со ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако ДУИ повторно коалицира со СДСМ, ние ќе коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ и обратно, ако ДУИ коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ние ќе коалицираме со СДСМ“, рече Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.

Следните локални избори ќе се одржат во октомври 2021 година. На минатите во 2017 година, 45 општини добија градоначалник во првиот круг, додека во 35 преминаа на втор круг гласање. СДСМ во прв круг победи во 37 општини и во градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ победи во три, а ДУИ во две општини. Во вториот круг СДСМ победи во 19 општини, ДУИ во осум, а ВМРО-ДПМНЕ во две. Три градоначалници освои Алијанса за Албанците, додека Беса и ДПА добиле по еден мандат.