Таравари: Фета Алими е неправедно во затвор, благодарение на него Зијадин Села денеска е жив

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Гостивар вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 рече дека Фета Алими е направедно во затвор за настаните на 27 април пред три години.

Тој истакна дека Алими го спасил Зијадин Села од насилствата, и да не бил тој, лидерот на Алијанса за Албанците немало да биде жив.

„Фета Алими е неправедно во затвор. Благодарение на него, Зијадин Села денеска е жив“, рече Таравари за ТВ21.