Тажни лица во Париз за познатата катедрала, еве како изгледаше Нотр Дам пред пожарот (ВИДЕО)

Синоќа пожарникарите се бореа со огнот кој ја зафати познатата париска катедратал Нотр Дам. И натаму не е познато што ќе биде спасено од оваа позната „убавица“.

Изградбата на катедралата започнала во 1163 година за време на бискупот Маурицио де Сули. „Википедија“ објави дека катетрадалата е завршена дури во 1345 година.

На македонската „Википедија“ за Нотр Дам пишува:

Богородичната црква или Нотр Дам (францускиNotre Dame de Paris) е готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во ПаризФранција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектураВиоле-ле-Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура.

Богородичната црква е една од првите цркви во светот каде се употребени арбутани (надворешни потпорни арки). Зданието првично не било предвидено да има арбутани околу хорот и бродот. По започнувањето на изградбата, откога потенките ѕидови (популаризирани во готиката) израснале уште повисоко, почнале да се јавуваат пукнатини од напон, како што ѕидовите притискале нанадвор. За да го решат проблемот, архитектите изградиле потпори на ѕидовите однадвор, и подоцнежните доградби продолжиле да се вршат на тој начин.

За време на радикалната фаза на Француската револуција (1790-ти г.), катедралата настрадала од сквернавење, кога голем дел од верската иконографија бил оштетен или уништен. Истата била обновена во текот на XIX век, и така катедралата го добила својот поранешен изглед.“

Еве низ видео што загуби светот со вчерашниот катастрофален пожар кој ја зафати оваа катедрала: