Тачи бара Албанците да се вработат во Телеком и ЕВН

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, рече дека после изборите во првите 100 дена ќе предложат носење на закон со кој ќе бидат обврзани сите компании, акционерски друштва, меѓу кои Телеком и ЕВН да бидат вработени Албанци. Тој смета дека во моментов бројот на вработени Албанци е симболичен.

„На крајот од првите 100 дена – носење на посебен закон кој ќе го предложиме до Парламентот со кој ќе ги обврземе сите компании и приватни претпријатија, акционерските друштва – во странскиот капитал кој го инвестираат во Македонија, односно во нивните бизниси да го рефлектираат процентот од населението каде се врши инвестицијата, како во вработување, така и на раководните функции. Значи, Македонски Телеком, ЕВН и други инкасираат финансиски средства од Албанците, според моите проценки, над 50%, а бројот на вработените во Мобимак и ЕВН е симболичен – 2 или 3%, додека речиси воопшто и да не постојат раководни позиции. Некој ќе рече – која странска компанија ќе го прифати овој услов? За да ги привлечеме и да ги прифатат овие законски услови мора да им овозможиме олеснувања во даночниот систем, во закупниот систем, во цената на земјиште“, рече Тачи.