СЗО: Рекорден дневен скок на новозаразени од коронавирус – 284. 196

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека има рекордно зголемување на бројот на заболени од коронавирус на глобално ниво, затоа што во изминатите 24 часа биле регистрирани вкупно 284.196 нови случаи.

Најголемите зголемувања се забележани во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се вели во извештајот на СЗО, пренесен од британските медиуми.

Претходниот рекорд по бројот на нови случаи беше поставен на 18 јули, кога беа регистрирани 259.848.

Бројот на смртни случаи за 24 часа е зголемен за 9.753, што е најголем број во еден ден по 30 април, кога беа регистрирани 9.797 смртни случаи.

Во текот на јули, просечната бројка на смртни случаи беше околу 5.000, додека во јуни беше околу 4.600.