Сведоштво од државен карантин: „Хотелот е добар, но храната не е доволна“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Веќе една недела Харун е во карантин заедно со други патници од Австрија кои се вратија со хуманитарен лет. Тој дојде од Виена, а вели дека 12 часа траел патот. Кога слетале во Скопје, во придружба на полицијата се пренесени во Струга, во хотелот Дрин. Тој вели дека авионот бил полн и не се почитувала дистанцата.

Тој се пожали на хигиената во хотелот, бидејќи како што вели, само еднаш дневно се дезинфицираат собите. Вели дека нема вода за пиење а и храната не е доволна.

Во хотелот Дрин во изолација се околу 180 лица дојдени од Австрија и Германија, но никој од нив не е тестиран. Инаку, вчера заврши карантинот на 160 граѓани кои беа вратени во земјава со хуманитарни летови од различни држави. Тие треба да останат уште една недела во самоизолација дома. Утре со хуманитарен лет ќе се вратат уште неколку граѓани кои останаа заглавени во Лондон.