Сугарески: Работодавците и компаниите да не бидат загрижени, не се очекуваат проблеми во исплатата

НАШ ПРЕДЛОГ

4 милиони евра загуба за 6 месеци – рент-а-кар бизнисот бара помош од државата

Рент-а-кар бизнисот во Македонија работи со загуба веќе 6 месеци поради пандемијата. Од Здружението за рент-а-кар велат...

Ахмети: Колку сме блиску, толку сме и далеку во преговорите со СДСМ

Во Собранието попладнево се одржува средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Демократската унија за...

Заев: Не можеме да кажеме дека имаме договор, разговорите продолжуваат

Во Собранието попладнево се одржува средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Демократската унија за...

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески не очекува никакви проблеми во делот на исплатата на средства кон компаниите.

- Реклама -

Како што рече денеска на прес-конференција, тоа и досега не било случај.

- Реклама -

-Работодавците и компаниите не треба воопшто да бидат загрижени, бидејќи во буџетот има доволно средства и преку кредитните линии, но се разбира и преку средства од буџетот. Не очекувам во ниеден случај заради средствата кој било проект да биде попречен од она што е согласно Планот за јавни набавки, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања откако информира за реализацијата на каиталните инвестиции.

- Реклама -

Министерот нема информации дека се отпуштаат градежни работници.

– Знам дека фирмите работат на тоа, можеби некаде со понамалена, позабавена динамика заради целокупната ситуација, меѓутоа немам сознанија дека градежни работници се отпуштаат, истакна Сугарески.

Во однос на акцизата на горивата, потенцира дека зголемувањето за три денари е антикризна мерка, а не мерка за да им се направи дополнителен товар на граѓаните.

– Внесувањето на акцизата не е желба на некого, ниту пркос или надменост што сака Владата да ја покаже. Тоа е неопходност. Цената на нафтата во изминатиот период не се сеќавам да била на пониско ниво. Цената е 20 денари помала од декември, јануари, февруари и дел од од почетокот на март. Не може да стане збор за некаков голем потрес, зголемување. Ако ја гледаме акцизата дополнително како дел од горивото многу јасно е дека нема помала акциза никаде отколку тука. Собраните средства од оваа акциза ќе се користат за граѓаните, здравствените работници, за сите граѓани, за МВР, за сите што се вклучени во борбата со коронавирусот, истакна министерот.

Прашан каков е ставот на ресорното Министерството за најавата за протестот на транспортетите, Сугарески нагласи дека секој има демократско право да протестира и дека нивните барања може да ги достават до Владата. 

🔴 [ВО ЖИВО] Прес конференција на Горан Сугарески и Зоран Китанов

🔴 [ВО ЖИВО] Прес конференција на Горан Сугарески и Зоран Китанов

Gepostet von TV21 am Samstag, 25. April 2020

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ахмети: Колку сме блиску, толку сме и далеку во преговорите со СДСМ

Во Собранието попладнево се одржува средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, како...

Заев: Не можеме да кажеме дека имаме договор, разговорите продолжуваат

Во Собранието попладнево се одржува средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, како...

Експлозија на гас во Балтимор, урнати неколку куќи, една жена загина

Жена загина во експлозија на гас во Балтимор, неколку лица се повредени, и неколку куќи се уништени. Најмалку пет лица...

Средба Заев – Ахмети во Собранието

Во Собранието попладнево се одржува средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, како...