Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Бејрут – граѓаните бесни на власта поради експлозијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Либанските безбедносни сили испалиле солзавец кон антивладините демонстранти во Бејрут, кој се собрале вчера да протестираат, а биле лути на власта поради страшната експлозија во која настрадаа 150 лица.

Либанските државни медиуми пренесуваат дека неколку лица се повредени во текот на протестот во близина на зградата на Парламентот.

Демонстрантите запалиле помали пожари и со камења ги гаѓале припадниците на безбедносните сили, вели новинската агенција ННА, а пренесува Гардијан.

Протестите се случија откако либанската амбасадорка во Јордан во четвртокот објави дека таа си поднесува оставка, изјавувајќи дека „целосното небрежност“ на владата на таа земја укажува на потребата за промена на раководството.

Во телевизиското обраќање, кое го пренесувала либанската МТВ, амбасадорката истакнала дека не може веќе да ја толерира неспособноста на Владата.

Ова е втора оставка на либански службеник по експлозијата.

Пратеникот Марван Хамаде во понеделникот поднесе оставка поради експлозијата, за која властите велат дека ја предизвикал пожар, кој пристигнал до небезбедно чуваниот амониум нитрат на пристаништето во Бејрут.

Бројот на загинати од експлозијата се зголеми од 137 на 149 во четвртокот вечерта, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека бројот се очекувал да се зголеми бидејќи спасувачите продолжиле да ги пребаруваат урнатините.

Либанската државна новинска агенција пренесува дека 16 лица се приведени во рамки на истрагата за експлозијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, го посети главниот град и истакна дека во Либан е потребно да се видат длабоки промени од власта.

Тој повика и на меѓународна истрага за катастрофата.