Судијката Васка Николовска Масевска: Бојан Јовановски и Катица Јанева виновни се!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Судијката Васка Николовска Масевска почна да го чита обвинението за Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева во денешното носење пресуда за случајот „Рекет“.

„Бојан Јовановски и Катица Јанева ВИНОВНИ СЕ, затоа што во периодот од месец ноември 2018 година, до месец април 2019 година, Бојан Јовановски познат како Боки 13 го искористил своето влијание врз Катица Јанева за извршување на службени дејствиа. За посредувањето земале награта од 1,5 милиони евра, односно од сведокот Ана Камчева во износ од 500 илјади евра, а од сведокот Јордан Камчев 1 милион евра“, рече Николовска Масевска.

Се очекува да биде соопштена конечната пресуда.