Судиите и обвинителите ќе се „тресат“ – 5% од пресудите по случаен избор ќе бидат ревидирани

НАШ ПРЕДЛОГ

Приведен маж од гостиварско по потерница за затворска казна од шест години

На 29.09.2020 полициски службеници од Одделението за крим полиција го приведоа С.А. (34) од с.Ломница, кој со...

Утре Дебар и Центар Жупа седум часа без вода

Општините Дебар и Центар Жупа, кои со вода за пиење се снабдуваат од водоводот Росоки-Дебар, утре, (30...

Трамп негира дека за потпретседател сакал да ја стави неговата ќерка Иванка

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече смешни извештаите за тоа дека на изборите во 2016 година разгледувал...
-Реклама-

Државната комисија за спречување на корупција и судскиот совет ќе ги „тресат“ судиите и обвинителите околу нивната имотна состојба, но и застареноста на одредени предмети.

„Паралелно на овој процес, на почетокот од наредната година, најдоцна наредната пролет се очекува да започне таканаречениот ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил.“, рече министерот за правда, Бојан Маричиќ.

- Реклама -

Овој мониторинг би опфаќал околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашни експерти, ангажирани од Европската унија и ОБСЕ како спроведувач на овој порцес.

„Ние сме прва држава во регионот која од ЕУ побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судските предмети поврзани со висока корупција.“, рече Маричиќ.

- Реклама -

За случаите кои немаат разрешница или застареле, дополнително ќе се утврдува причината и дали истите се објективни.

„Ако концептот е да биде по случаен избор, тогаш верувам дека ќе се изнајде модел по случаен избор, судскиот совет и советот на јавни обвинители да издвојат случаи кои ќе бидат проверени заради проверка на тоа дали е постапувано во рок како што треба, по сите законски стандарди, но исто така оние случаи кои што отскокнуваат од праксата или подолго време биле држени и било непостапувано по нив, што резултирало со застареност или се блиску до застареност.“, вели Маричиќ.

- Реклама -

Со законски измени кои ги најавува министерот, Јавното обвинителство задолжително ќе треба да ја информира јавноста за предметите за кои има интерес.

СДСМ и во програмата пред четири години, насловена „План за живот во Македонија“, ветуваше ветинг во судството, правда за сите и пишување на пресуди од страна на судии, а не во партиски штабови.

Во тогашната програма ветување беше и продолжување на рокот на Специјалното јавно обвинителство, но тоа не се случи и истото предвреме згасна.

Три лица загинаа во пожар во Калифорнија, евакуирани илјадници луѓе

Три лица загинаа во пожарот кој го зафати северниот дел на Калифорнија во округот Шаста, додека друг пожар изби во познатите вински...

Регистрирани 112 нови случаи на ковид 19, починати се 8 лица, оздравени се 159 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во:...

Фетаи по пресудата за „Насилство во Центар“: Обвинителството не е задоволно од изречените казни, ќе поднесеме жалба

Обвинителката Фатиме Фетаи, по пресудите за „Насилство во Центар“, истакна дека Обвинителството ќе се жали на пресудите, со оглед дека не се...

Индиец со фалсификуван пасош и Полјак со оружје сакале да поминат од албанска на македонска територија

Граничната полиција на преминот Ќафасан на албанско – македонската граница кај Струга, привела државјанин на Индија откако тој се обидел да ја...

Министрите на седница на Владата ќе потпишат Кодекс за етичко однесување

Владата денеска ќе ја одржи седмата седница, на која министрите ќе потпишат Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите...