„Стоп за грабежот“ протест против извршители – „Се појавуваат непостоечки долгови од банки“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се собраа пред Министерството за правда бидејќи сметаат дека државата и државните институции им нанесуваат неправда. Здружението на граѓани „Стоп за грабежот” протестираше против извршителите и судските органи. Демонстрантите побараа извршителите да работат во рамките на судовите, но и ветинг за сите судии, кои ги окарактеризираа како криминалци.

Граѓаните упатија и други поплаки.

Од ова здружение велат дека се појавуваат и долгови од непостоечки банки.

Откако завршија со говорите, со транспаренти во раце, пеш и со автомобили, граѓаните се упатија кон комплексот судови. Од „Стоп за грабежот“ велат дека поради овие жалби, до Адвокатската комора и Министерството за правда покренале иницијатива за измена на Законот за судии и обвинители, со цел како што велат, и тие да бидат еднакви пред законот.