Стоилковски: Во изминатите 24 часа власта со пари и со ветувања, врши жесток притисок за прифаќање на уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ преку портпаролот Наум Стоилковски денеска на прес-конференција ја обвини власта дека во изминатите 24 часа се врши жесток притисок со пари и ветувања над пратеници за прифаќање на уставните измени.

„Македонија е жртва на личната желба за спас на политичката кариера на Заев, а за Македонија тоа значи погазено достоинство и сменето име. Изминатите 24 часа власта врши жесток притисок за прифаќање на уставните измени. Во игра се пари, ветување за избегнување на политички прогон, се со цел гласање на уставните измени. Според непотврдени информации, поранешни функционери од нашата партија се ставени во функција да убедуваат нивни роднини и пријатели да гласаат за уставните измени“, вели Стоилковски.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!