Starbucks отвори продавница целосно брендирана на знаковен јазик

Starbucks ја отвори својата прва продавница целосно брендирана на знаковен јазик која ќе овозможи вработување за повеќе луѓе кои се глуви или имаат проблем со слушањето, соопштија од компанијата.

Сите вработени во продавницата во Washington DC, САД, познаваат најмалку два јазици – англиски и американскиот знаковен јазик. Според Starbucks, овој концепт кој за прв пат сега се појавува во САД е инспирација од посетата на слична продавница во Куала Лумпур, Малезија во 2016 година

Компанијата соработуваше со дизајнери и уметници кои се глуви или имаат проблеми со слушањето со цел да создадат олеснително искуство за своите потрошувачи кои се корисници на знаковниот јазик. Вработените во продавницата ќе ја носат класичната зелена престилка, но под логото ќе биде испишано и името на компанијата на знаковен јазик.

„За потрошувачите кои немаат проблем со слухот и не го знаат знаковниот јазик, оваа продавница им нуди можност да научат нешто ново. Можеби како да го изразат зборот еспресо на знаковен јазик, или едноставно да направат мал увид во културата на луѓето кои имаат проблеми со слухот,“ стои во соопштението на Starbucks.

 

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!