Стапуваат во сила измените на Законот за облигациски односи

НАШ ПРЕДЛОГ

285 активни случаи на ковид-19 во Гостивар – изречени околу три илјади казни за неносење маски

285 активни случаи на коронавирус во општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, каде бројот на новозаразени...

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек...

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е...

Владата на вчерашната седница донесе Уредба за измена на Законот за облигациски односи. Според Уредбата, стапката на казнената камата се определува на месечно ниво во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка (референтна стапка), што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

- Реклама -

Кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута, стапката на казнената камата се определува за секој месец во висина на едномесечна стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

- Реклама -

При пресметката се користи последната референтна стапка утврдена и објавена на веб страницата од Народната банка на Република Северна Македонија.

- Реклама -

-Донесувањето на оваа Уредба е со цел да се олеснат условите за работа и плаќање на реалниот економски сектор, како и на граѓаните во државата во услови на сериозно нарушена економска состојба и ликвидност на правните субјекти, како последица на пандемијата КОВИД-19 и во услови на секојдневно заострување на мерките на Владата за спречување на ширењето на вирусот во државата, што го ограничува нормалното движење на граѓаните и функционирање на реалниот сектор, наведува владината прес-служба.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек средба и на неа не...

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев.

Заев утре го добива мандатот за Влада – Претседателот одлучува и наспроти правните дилеми

Претседателот Стево Пендаровски извести дека утре ќе му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање влада.

Опрема во вредност од 115 илјади евра – кревети, амбулантни возила и медицинска опрема за кичевската болница

Над 80 легла, амбулантни возила, респиратори и друга медицинска опрема за кичевската болница донираше Хуманитарната организација „Класје на добрината“.