Средба Заев – Мицкоски во 18:30 часот кај Пендаровски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во 18:30 часот денеска во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се случи средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев кои ќе го договараат датумот за изборите.

Ова го најави и денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето до јавноста дека што поскоро ќе свика средба меѓу лидерите на двете најголеми политички партии за да се договорат датумот за изборите.

Дали 5. јули или, пак, тоа ќе биде три дена подоцна, или некој друг датум, ќе се знае после средбата.

Избори во јули ќе има, со оглед дека претседателот Пендаровски денеска најави дека нема да ја продолжи вонредната состојба.