Спасовски: Угостителите и граѓаните не ги почитуваат протоколите, не е исклучено враќање на рестриктивните мерки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека е можно враќање на рестриктивните мерки ако однесувањето на граѓаните не се промени. Тој напомена дека во угостителските објекти не се почитуваат протоколите, а бројот на новоинфицирани случаи треба да го запалат алармот.

„Сведоци сме дека вчера ниту угостителските објекти не почитуваа дел од протоколите, но и граѓаните. Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи.

Упатувам апел до граѓаните, се’ со цел заеднички да си помогнеме во намалување на рестрикциите. Меѓутоа, не ја исклучувам можноста до воведување на повторно рестриктивни мерки, особено во општини каде има вакви тенденции. Непочитувањето на мерките ќе се санкционира од инспекциите.“, напиша Спасовски.