Спасовски не размислува за оставка: Одговорноста барајте ја кај судиите (ВИДЕО)

После неуспешниот обид полицијата да го приведе екс-премиерот Никола Груевски и да го спроведе во затворот во Шутка на одлежување на казна затвор од две години, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека не размислува за оставка на функцијата, и истакна дека одговорноста за Груевски треба да се бара кај судиите.

„Одговорноста барајте ја кај судиите кои не одредиле мерка притвор за човек кој е осомничен за повеќе кривични дела, а згора на тоа е отсутен“, рече Спасовски.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!