Спасовски: Македонскиот јазик е консолидиран, Села: Бугарите го третираат македонскиот јазик како македонците албанскиот!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска е денот на македонскиот јазик. Премиерот, Оливер Спасовски, при честитката до граѓаните истакна дека македонскиот јазик е посебен јазик и дека ги поминал фазите на создавање, признавање, кодификација и прифаќање, додавајќи дека иднината на македонскиот јазик е и иднината на нашата татковина.

Но, за лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, македонскиот јазик е загрозен како никогаш претходно. Тој обвинува дека актуелната власт со своите политики го отворил патот за негирање на македонскиот јазик и нација.

„Денеска како никогаш порано македонскиот јазик и нација се ставен пред премрежије и негација поради лошите и непромислени политики на актуелната власт. Штетната политика на власта ја отвори вратата на пропагандите, негациите, проблемите.
Нашето вековно постоење и македонската самобитност на нација и јазик е загрозена и замената со желбата за моќ и пари на оние кои управуваат со власта.“, рече Мицкоски.

Со оглед на тоа дека овој проблем со Бугарија може да ја минира европската иднина на земјата, лидерот на АА, Зијадин Села, рече дека странките треба да најдат заеднички јазик за решавање на спорот.

„Во ова дебата која се одвива сега пред отворањето на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, АА апелира да се најде заеднички јазик со цел земјата никако да не се оддалечи од патот кон западните институции. Апелирам до засегнатите странки да најдат заеднички јазик и да не биде овој моментот за блокада на земјата во патот кон ЕУ.“, изјави Села.

Пред неколку дена, шефицата на бугарската дипломатија, Екатарина Захариева, рече дека македонскиот јазик се основа на бугарски дијалект при што предизвика многу реакции во јавноста.