Сопругата на претседателот со порака до жртвите на семејно и родово насилство: Постои излез, без разлика на пандемијата

НАШ ПРЕДЛОГ

Регистрирани 141 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 12653, оздравени 93 пациенти – починати 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141...

Украдени над 200 тони пченица во Битола

На 13.08.2020 во 14.00 часот во СВР Битола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020...

Силно невреме во Мостар

Во попладневните часови Мостар е погоден од силно невреме, а голема количина дожд и силен ветер им...

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, како дел од активностите за подигнување на јавната свест за прашањата кои ги погодуваат ранливите групи во време на кризата предизвикана од коронавирусот, сними видео порака со сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска на тема семејно и родово базирано насилство.

- Реклама -

Целта, како што се наведува, е да се упати апел за солидарност и поддршка на сите за кои домот во овие моменти не е најбезбедното место и да се охрабрат жртвите да го пријавуваат насилството.

- Реклама -

Видео пораката е во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во Северна Македонија.

- Реклама -

Во пораката, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Ѓоргиевска посочува дека поради пандемијата поминуваме повеќе време во нашите домови, но, домот не секогаш е најбезбедното место за многумина.

-Организацијата на Обединетите Нации и граѓанските организации алармираат за пораст на ризикот од родово базирано и семејно насилство во услови на оваа пандемија. Жртвите на семејно насилство се соочуваат со исклучителна опасност кога мораат да останат во домовите со насилниците, со ограничен пристап до мрежата на поддршка и заштита, вели Ѓоргиевска. 

Таа посочува дека нашето општество не е исклучок од глобалните трендови и порачува жртвите да знаат дека постои излез, без разлика на пандемијата. 

-Пријавете насилство во полиција, во центрите за социјална работа, на СОС линиите, кај граѓанските организации, матичните лекари. Информирајте ги блиските пријатели или роднините во кои имате доверба. Жртвите на насилство можат да го напуштат домот во периодот на забрането движење за да побараат помош во здравствени установи, најблиската полициска станица или првото службено лице кое ќе го сретнат. Солидарноста, емпатијата и меѓусебната поддршка ни се потребни да ги надминеме овие тешки денови. И не заборавајте, во ова не сте сами, порачува сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Украдени над 200 тони пченица во Битола

На 13.08.2020 во 14.00 часот во СВР Битола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост...

Силно невреме во Мостар

Во попладневните часови Мостар е погоден од силно невреме, а голема количина дожд и силен ветер им создадоа проблеми на жителите на...

Гужва на грчката граница – над 1.000 автомобили во колона долга 20 километри (ВИДЕО)

Над 1.000 граѓани од Албанија кои работат во Грција денеска беа заглавени во гужва на границата пробувајќи да влезат пред најавените мерки...

Продолжуваат консултациите за коалициски договор помеѓу СДСМ и Коалицијата “Можеме” и ДУИ

СДСМ преку соопштение денеска информира дека продолжуваат интензивните консултации и работата на ниво на генерални секретари викендот за коалициски договор помеѓу СДСМ...