Сообраќајот се одвива отежнато, забрана за товарни возила

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, Струга – граничен премин Ќафасан и  Тетово – Попова Шапка,  каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.