„Случајот е чувствителен, ЈО работи на тоа“ – Дали, зошто и кој го сменил исказот на 11-годишното девојче во полиција?

НАШ ПРЕДЛОГ

Како Ковид-19 ги уништува белите дробови? И по излекувањето може да има последици

Вака изгледаат здрави бели дробови. А, вака изгледаат бели дробови на заразен со коронавирус пред да почине....

Веб-страницата „купувам домашно“ неактивна, граѓаните и натаму не можат да ги подигнат ваучерите

Вчера требаше да се објават податоците, но веб-страницата - www.kupuvamdomasno.gov.mk и денеска вон функција. Поради тоа, граѓаните,...

Лекарка од гинекологија во Тетово позитивна, немала контакт со пациенти, таа и нејзините колеги во изолација

Лекарка од Одделот за гинекологија при Клиничката болница во Тетово е меѓу новите позитивни на Ковид-19. Таа...

Случајот со силувањето на 11 годишното девојче за кој за прв пат известивме вчера, пријавен е во СВР Куманово. Го обезбедивме записникот од исказот, а информациите кои се запишани таму, се такви како беше известено вчера во сторијата на ТВ21. Според записникот се потврдува дека малолетничката добивала закани да молчи од почетокот на 2020 кога започнал зимскиот распуст.

„Повиците биле преку смс пораки од телефонски број …. до нејзиниот телефонски број…., малолетничката ги избришала веднаш и отишла кај него, за да има сексуални односи, кои траеле 2 часа, се така до почетокот на 2020 година“, се вели во дел од записникот.

- Реклама -

За да дознаеме до каде е работата со пријавениот случај, ја контактиравме шефицата на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ. Таа не беше запознаена со случајот.

Потоа ни рекоа прашањата да ги поставиме преку емаил. Ја побаравме и адвокатката која го заверила записникот од пријавата. Не сакаше даде изјава, бидејќи како што вели, случајот е чувствителен.

За да дознаеме што се случило со иказот на девојчето и дали е вистина дека поради заканите кои ги добивало го сменило првичниот исказ, без присуство на нејзината мајка, го контактиравме потписникот на записникот, бидејќи како што кажа мајката на девојчето, истото лице било присутно и на распитот.

Но, иако до МВР испративме конкретни прашања како:

  • Кој бил при распитот на малолетничката?
  • Кое е лицето кое се спомнува од мајката на девојчето дека и се заканувало на ќерка и за таа да го смени изказот во полиција?
  • Дали е земено на распит сомнителното лице во СВР Куманово?
  • До каде е постапката за овој случај?
  • Испративте ли информација до ЈО?

Од МВР добивме површен одговор:

„Во СВР Куманово е пријавен случајот и полициските службеници постапувале во координација со ЈО со цел расчистување на случајот. За целиот случај до ОЈО Куманово е испратено известување на 13 февруари 2020 за понатамошмна постапка. Исто така, ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, за криминална истрага и професионални стандарди, врши проверка на постапката за постапувањето на полициските службеници и доколку се утврди незаконско дејствување, ќе следат соодветни санкции“, велат од МВР.

До Обвинителството испративме прашања, но се уште нема одговор. Како што објавивме вчера, неможејќи повеќе да трпи, нејзината мајка одлучи целиот случај да го сподели со јавноста. За силувањето го обвинија нивниот 19-годишен братучед, од кого девојчето добивало смс пораки да се сретнат, но и потоа закани. Лицето било во полиција, сега е на слобода. Тој тврди дека е невин, но кога го побаравме, се закани на екипата на тв21. Дека навистина девојчето е силувано, потврда има и од гинеколошка ординација.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Веб-страницата „купувам домашно“ неактивна, граѓаните и натаму не можат да ги подигнат ваучерите

Вчера требаше да се објават податоците, но веб-страницата - www.kupuvamdomasno.gov.mk и денеска вон функција. Поради тоа, граѓаните, учениците и студентите сѐ уште...

Лекарка од гинекологија во Тетово позитивна, немала контакт со пациенти, таа и нејзините колеги во изолација

Лекарка од Одделот за гинекологија при Клиничката болница во Тетово е меѓу новите позитивни на Ковид-19. Таа е изолирана заедно со колегите...

Во тек е владина седница, се одлучува по предлогот на комисијата за воведување на полициски час

Владата на седница која е во тек, одлулува за препораките од Комисијата за заразни болести за полициски час во престојниот продолжен викенд...

Министерот за здравство, Венко Филипче ќе одржи прес конференција

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва во 20 часот ќе одржи прес конференција дознава ТВ21 на која треба да бидат соопштени деталите...