Словенија утре, Албанија в четврток ќе го ратификуваат Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Во текот на утрешниот ден, парламентот на Словенија ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Претседателот на македонското собрание Талат Џафери се наоѓа во посета на Словенија, и утре ќе се обрати на церемонијата.

Албанија, пак, во четврток со гласање на пленарна седница ќе го изгласа приемот на Македонија како нова членка на НАТО.

Грчкиот Парламент прва го ратификуваше протоколот минатиот петок.