Словенија подготвена да ги затвори границите поради коронавирусот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поради појава на коронавирусот во соседната Италија, Словенија веќе е на „готовс“, па дури е подготовена и да ги затвори границите. Ова го изјави премиерот Марјан Шарец.

„Поради ширењето на коронавирусот, Словенија ќе ги затвори границите ако треба, односно ќе спроведе мерки кои ќе бидат во корист на сите граѓани да бидат заштитени“, рече Шарец.