Словенија ќе го ратификува Протоколот за македонскиот влез во НАТО

Словенија денеска се очекува на својата вонредна седница да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.

На седницата се очекува да присуствува и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, кој e во официјална посета на Словенија.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!