Скриени докази за случајот „Монструм“ – презентирани непреслушани разговори

Непреслушани разговори и други материјални докази беа презентирани на рочиштето за случајот „Монструм“. Иако, и претходно беа предложени како докази, сепак тие беа скриени и селектирани од претходниот состав на Судот кој го водел случајот. Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, не знае која е причината поради која се скриени бројните разговори, но е убеден дека наскоро ќе биде утврдена невиноста на неговите клиенти и дека ќе се открие вистината околу целиот случај.

„Очигледно е дека во поранешниот процес, така констатираше и Врховниот суд, се скриени многу разговори и сега се презентираат од судското тело. И СЈО настојува сите разговори да се слушнат од обвинетите и самото судско тело. Ова е првпат 100% од разговорите да се слушнат“, изјави Насер Рауфи – Адвокат на обвинетите.

Адвокатот Асмир Алиспахиќ, рече дека денеска дознал оти биле скриени важни факти за „Монструм“.

Бранителот на жртвите пак, Дафинка Ивановска зборуваше околу тоа дали безживотните тела биле донесени од некаде и оставени кај Смилковското езеро, или пак целиот немил настан се случил таму.

На 12 април 2012 година за убиството на Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата година почна од почеток, откако го презеде СЈО.

РЕПОРТЕРКА: САЛИЈЕ САДИКУ

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...