Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

НАШ ПРЕДЛОГ

Бирократијата за претпријатијата намалена, државата добро котира по индексот на бирократија

Финансиите не се главниот проблем за фирмите во услови на КОВИД. Сега е моментот кога на Компаниите...

Османи: Интензивирање на контактите со Бугарија за надминување на проблемите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача дека во наредниот период македонската влада ќе ги интензивира контактите...

Во Велес во два наврати силувана 24 годишна девојка

Во Полициската станица Велес, 24-годишна девојка од Велес вчера пријавила дека на 20 септември  во два наврати, во...
-Реклама-

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон јужниот град во Финска, и тоа без никаков проблем, бидејќи ниту на нашиот аеродром термалните камери не им покажале покачена телесна температура. По неколкучасовниот лет, веднаш штом слетале во Финска и по доброволно тестирање било констатирано дека 24 од вкупно 157 патници се заразени со коронавирус.

Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини.  Наводно тие се враќале на работа во Западна Европа, а за кои што со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

- Реклама -

„Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши. Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, велат од Министерството за здравство.

Всушност, не се знае каде спаѓаат патниците со албански, бугарски, естонски и шведски пасоши, бидејќи вкупната бројка  од 157 патници ја сочинуваат оние со косовски, фински и македонски пасош.

- Реклама -

24 позитивни случаи на Ковид-19, финските власти ги откриле откако во два претходна лета забележале дека Северна Македонија и Романија се главни извори на новозаразени со коронавирус во Финска.

Ова ја натерало скандинавската земја да воведе задолжително тестирање и карантин за патниците кои доаѓаат од земји со висок ризик. Информираат дека во иднина, двонеделниот карантин ќе биде задолжителен, а ќе се тестира секој кој ќе пристигне од земја каде има меѓу 8 и 10 случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена.

- Реклама -

Патувањето на заразени луѓе од Македонија кон земји од Западна Европа ги вознемири и домашните власти, а министерот за здравство, Венко Филипче за„Телма“, веќе најави дека на утрешната седница на Комисијата за заразни болести, ќе бара да се воведе задолжителен ПЦР тест за сите лица кои транзитираат низ Македонија, а крајна дестинација им е друга држава.

Приведен маж од гостиварско по потерница за затворска казна од шест години

На 29.09.2020 полициски службеници од Одделението за крим полиција го приведоа С.А. (34) од с.Ломница, кој со наредба од Основниот суд Гостивар...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. На места врнежите ќе...

Индиец со фалсификуван пасош и Полјак со оружје сакале да поминат од албанска на македонска територија

Граничната полиција на преминот Ќафасан на албанско – македонската граница кај Струга, привела државјанин на Индија откако тој се обидел да ја...

Во Мексико пронајдени коски на 200 мамути стари 15.000 години

При градежни работи кај Санта Лусија, град којшто се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити, најдени се остатоци од 200 мамути...

МОН: Продолжува тестирањето на платформата, вчера најавени над 88 илјади корисници

На националната платформа за онлајн-настава вчера биле најавени над 88 000 активни корисници кои, како што информира Министетството за образование и наука,...