Скопје: Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Задушница

НАШ ПРЕДЛОГ

285 активни случаи на ковид-19 во Гостивар – изречени околу три илјади казни за неносење маски

285 активни случаи на коронавирус во општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, каде бројот на новозаразени...

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек...

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е...

Поради верскиот празник Задушница во текот на утрешниот ден (21.02) петок, како и во деновите од викендот (22 и 23.02), сабота и недела во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

- Реклама -

Притоа, министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул.„Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на ул.„Боца Иванова“ и излегување од ул.„Боца Иванова“ кон ул.„Александар Урдаревски“.

- Реклама -

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров  по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ – по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

- Реклама -

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и наредбите на униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек средба и на неа не...

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев.

Заев утре го добива мандатот за Влада – Претседателот одлучува и наспроти правните дилеми

Претседателот Стево Пендаровски извести дека утре ќе му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање влада.

Опрема во вредност од 115 илјади евра – кревети, амбулантни возила и медицинска опрема за кичевската болница

Над 80 легла, амбулантни возила, респиратори и друга медицинска опрема за кичевската болница донираше Хуманитарната организација „Класје на добрината“.