Сите училишта немаат компјутер и интернет – МОН со насоки какви компјутери да се користат за онлајн настава

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Министерството за образование и наука веќе ги информира директорите на основните и средните училишта за тоа какви компјутери, со каква минимална конфигурација се потребни за работа на Националната платформа за учење на далечина. И покрај тоа што со ваквата одлука дојде до забуна меѓу наставниците и родителите, од ресорното министерство смируваат и уверуваат дека станува збор за конфигурации кои не би требало да претставуваат проблем за одржување на онлајн наставата.

„Со цел за навремено обезбедување на потребните уреди за држење на наставата преку онлајн платформата МОН пред извесен период ги информираше за минималните препорачани конфигурации за држење на наставата преку Националната платформа за учење на далечина. Платформата функционира директно во веб прелистувач (Chrome, Microsoft Edge, Safari), и не е потребно да се инсталира дополнителен софтвер.Минималните карактеристики на компјутерот кој ќе користи само веб прелистувач за пристап до платформата потребно е да има минимум 4GB меморија и двојадрен процесор. За да се добијат сите функционалности на Платформата за држење на online наставата потребно е минимум Windows 8.1 оперативен систем.“, велат од МОН.

Што се однесува на уредите коишто треба да ги поседуваат учениците, според направените анкети, од министерството велат дека станува збор за опрема која што поголемиот дел од семејствата веќе ја поседуваат бидејќи платформата е прилагодена да функционира и на десктопи и на лаптопи и на таблети и смарт телефони.

Вчера Министерката за образование и наука, Мила Царовска ја презентираше платформата за за онлајн настава. Учениците преку компјутер или телефон ќе можат да ја гледаат училницата и наставникот и ќе можат да ги користат сите аудио материјали и видеа поставени на платформата. Ќе има брзи квизови, тестови и други иновативни содржини.

„Платформата практично ќе дозволи учениците и просветните работници заедно да го унапредуваат нашето образование. Не само за сега, туку и за иднина. А тоа е огромна вредност со неизмерно значење за нашата држава и нашиот образовен процес.“, вели Царовска.

Од министерството велат дека обврска на сите општини и училишта е да обезбедат интернет и уреди преку коишто може да предаваат наставниците. Исто така, Планот и Протоколите предвидуваат можност за организирање на наставата со физичко присуство и за погорните одделенија доколку ги исполнуваат условите и тоа го дозволува епидемиолошката состојба, за што се поднесуваат барања до владината Комисија. Голем број рурални училишта имаат мал број на деца, така што тие веројатно ќе може да организираат настава со физичко присуство за што по предлог на Комисијата ќе одлучува Владата. Со протоколите и планот МОН обезбедува настава и за децата коишто немаат уреди за онлајн учење.

Санкционирани 272 возачи во Скопје, од кои 63 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на...

Претрес во Чегране, пронајдена дрога и приведени две лица

Денеска (22.10.2020) полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошни простории кај А.Б. (32) од с. Чегране и притоа...

Вечерва во „ClickPlus“ на ТВ21 гостин е епдемиологот проф. д-р Вело Марковски

Вечерва во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 ќе зборуваме одново за коронавирусот. Гостин ни е проф. д-р Вело Марковски, епидемиолог и член...

Бројот на постари луѓе кои добиваат коронавирус во Европа повторно се зголемува

Европа е длабоко во вториот бран на епидемија на коронавирус и почнува да се појавува особено загрижувачки тренд: Повеќе стари лица се...

Франциск е првиот Папа кој поддржува истополови партнерски заедници

Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск е првиот папа кој ги поддржа истополовите граѓански партнерски заедници. Папата Франциск во документарниот филм „Франческо“,...