Сиромашни, болни и без куќа, семејството Рамадани од Зајас живее во колиба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сиромашни, болни и без куќа. Вака живее семејството Рамадани од кичевското село Зајас Теќе. Тричленото семејство живее во колиба. Немаат елементарни услови за живот, бидејќи колибата ни од близу не ги задоволува условите за нормален живот. Домаќинката Бафтије низ солзи раскажа за тешкото секојдневие за неа и нејзиното семејство. Во оваа импровизирана колиба нема ниту тоалет, а ниту пак вода за елементарните потребни. Проблемите на ова семејство се понеиздржливи и поради лошата здравствена состојба на синот Сефадин, кој неколкупати ја оперирал ногата, а сега треба да направи уште еден хируршки зафат.

-Синот е болен. Имаше две операции, ни помогнаа соселаните, печалбарите ни помогнаа исто така. Го боли ногата, не може да работи, а треба да направи уште една операција-вели Бафтије Рамадани.

Иако е болен, Сефадин неколку години работел во еден маркет во селото, но поради тешките операции морал да ја напушти работата.

-Двапати ја оперирав ногата. Уште една операција треба да направам. Лошо е како што можете и самите да видите-рече Сефадин.

Трагедиите на оваа мајка не завршуваат тука. Пред еден месец починал нејзиниот 30-годишен син од засега непознати причини.

-За два дена го изгубив синот. Многу ни беше тешко. Не прашувајте ме ништо повеќе. Во многу лоша состојба бев-изјави Бафтије.

Таа вели дека синовите ги израснала со помош од луѓето, бидејќи нејзиниот сопруг ги напуштил кога децата биле мали.

-Децата ги израснав со помош, некогаш најадени, некогаш гладни. Имаа татко како да го немаа. Во многу лоша состојба сме. Кој е во можност нека ни помогне. Јас сакам да направам повеќе но не можам. Го загубив синот кој имаше 30 години. Сѐ на него мислам-рече Бафтије.

Нејзината најголема желба е децата да имаат кров над глава.

„Кој има можност нека ни помогнат. Здруженијата, соселаните, печалбарите, кој колку има, бидејќи навистина вака не можеме“

Хуманитарното здружение „Зајас-Теќе“ со самоиницијатива ја урна старата и дотраената куќа, со цел да соберат средства и да изградат нова куќа што е можно поскоро. Но, додека да се соберат потребните пари, семејството Рамадани ќе мора да живее во оваа колиба. Затоа, Бафтије, преку ТВ21 побара помош од хуманите луѓе да ѝ помогнат за да изгради мала куќа каде би можеле да се засолнат. Таа нѐ испрати со надеж дека наскоро нејзините деца ќе имаат свој дом.

ЖИРО СМЕТКА МАКЕДОНИЈА 240337110024304
ЖИРО СМЕТКА- ШВАЈЦАРИЈА
БАНКА: PostFinance
8052 ЦИРИХ
IBAN:CH65 0900 0000 6101 9319 0
BIC :POFICHBEXXX
БРОЈ ЗА КОНТАКТ: 071-553-515 АЌИФ БАЈРАМИ