Силјановска вчера пред велешани: Повеќе од 78 проценти од младите си заминуваат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска на 15-от ден од кампањата продолжува со одржување митинзи и средби со граѓани. Вечерва таа прво е во Валандово а потоа и во Гевгелија. Силјановска вчера на митингот одржан во Велес ја критикуваше актуелната власт и рече дека граѓаните на прво место го ставаат економскиот развој. Него го нема а се повеќе млади си заминуваат.

„Се повеќе млади си заминуваат. Повеќе од 78 проценти од најумните, од најспособните од најпотребните за Македонија заминуваат во еден правец. Замислете колку вложила оваа земја во нивното образование. Ама замислете колку ни се потребни. Ним не им се потребни“, рече Гордана Силјановска Дафкова.