Силјановска: Победа на претседателските избори е почеток на рушење на заевизмот

Гордана Силјановска – Давкова денеска ги посети граѓаните од општина Росоман. Таа од таму порача дека претседателските избори се значајни, и дека не смеат да се поистоветуваат со референдумот, односно не смеат да се бојкотираат.

„Бојкотирањето на претседателските избори не смее да се поистоветува со бојкотот на референдумот. Со победа на претседатеслките избори следува почеток на рушење на заевизмот, кој донесе само темнина на граѓаните на Република Македонија. Успех на изборите е гаранција за нов почеток и вистински реформи“, истакнала таа.

 

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!