Силен земјотрес регистриран во јапонскиот округ Нагано

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јапонскиот округ Нагано.

Не е издадено предупредување за појава на цунами.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните окрузи Гифу, Јаманаши и Шизука. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.