Силен земјотрес од 5,2 степени ја потресе Јапонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, денеска го погоди источниот дел на јапонскиот остров Хоншу, а засега нема предупредување за цунами, соопшти јапонската Агенција за метеорологија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на округот Ибараки, што се граничи со Токио, на длабочина од 20 километри во океанот, пренесува Tасс.

Засега нема податоци за можни штети, но земјотресот го почувствувале жителите на неколку области – Токио, Чиба, Ибараки, Миаџија и Фокушима.