Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит.

Епицентар на земјотресот бил на 130 километри јужно од главниот град на островот, Хераклеон на длабочина од 10 километри.

Според првите извештаи, нема жртви, повредени и не е пријавена никаква материјална штета.