Што велат бројките? Колку полицискиот час помогна во справување со коронавирусот?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 21-ви март, на седница на Влада беше донесена одлука дека од следниот ден (22-ри март 2020 година) на цела територија на државата ќе биде прогласен за прв пат во историјата, полициски час, како мерка за справување со коронавирусот.

„Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, напиша Спасовски на социјалната мрежа Фејсбук на 21-ви март, најавувајќи го полицискиот час.

Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел…

Gepostet von Oliver Spasovski am Samstag, 21. März 2020

65 денови подоцна, Владата на вонредна седница одлучува по барањето на комисијата за заразни болести дека треба да се укине полицискиот час. Предлогот кој предизвика лавина реакции во јавноста е дека, комисијата бара укинување на рестрикцијата за ограничено движење бидејќи истата не се почитува.

Министерството за внатрешни работи секојдневно информираше за бројот на поднесени пријави поради непочитување на полицискиот час. Движење беше обезбедено за медиуми и работници во трети смени кои мора да работат, а тука спаѓаат пекарите, погребални претпријатија и други.

Крајот на месец април и почеток на мај имавме повторно зголемување на бројот на случаи со коронавирус, па Владата донесе и одлука, задолжително носење на маски, а доколку тоа не се почитува, следува казна од 20 евра.

Министерот за внатрешни работи предложен од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, во изјава за медиумите рече дека нема да ги казнува директно граѓаните, туку првично ќе следува опомена, а потоа казна, додавајќи дека граѓаните поради воведените рестрикции се во лоша психолошка состојба.

Но, што велат бројките?

Направивме и анализа на бројките и дали е потребно укинување на полицискиот час?

Број на заразени со коронавирус од првиот случај, па се до денес

Според бројките, пикот на заразени сме го имале на 16.04.2020 година, кога регистрирани се 107 новозаболени.

За по јасен преглед. Со црвена боја го обележавме периодот во кој е воведен полицискиот час, а со сина броја деновите пред воведувањето. Па така може да заклучиме дека со последната недела на бројки, речиси да сме се вратиле нешто повеќе од 1 месец назад, кога беа воведувани дополнителни мерки поради бројот на новозаразени, но денеска полицискиот час е укинта.

Укинувањето на полицискиот час беше барање на комисијата за заразни болести, кои како што информираа, доставиле предлог до Владата за негово укинување, бидејќи истиот не се почитувал. Ваквата одлука на прес конференција, вчера ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче и техничкиот министер Оливер Спасовски.

Следуваше и демант кој го објави Владата по однос на ова прашање.

„Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што истите не се почитувале од граѓаните. Сите досегашни мерки и предлози до Владата, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата. Денеска на прес-конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи Др. Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести“, се велеше во испратениот демант.

Освен укинувањето на полицискиот час и одлуката за отворање на угостителските објекти, Владата одлучи од 1 јуни да престанат да важат ослободувањата од работа, работата од дома, како и организирањето на работата со ротации. Ова укинување ќе биде проследено со соодветен протокол за работа во просторните услови, како и за личната заштитна опрема.

„Ова нема да важи за хронично болните, отстапка ќе има и за родители со деца до 10 или родителите со деца во претшколска возраст“,рече Спасовски.

Се менува и протоколот при влез во земјава за наши државјани кои доаѓаат од странство. Наместо задолжителен карантин, тие ќе треба да бидат во домашна изолација.

„Се укинува задолжителниот карантин за наши граѓани кои доаѓаат во земјава преку хуманитарните летови или конвои, а се воведува домашна изолација, но со приложен негативен ПЦР тест, направен 72 часа пред влезот во земјата“, додаде Спасовски.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека ситуацијата со коронавирусот е под контрола, но иако една битка е добиена, борбата не е завршена.

„Денеска се точно три месеци откако се дијагностицираше првата пациентка со коронавирус, која дојде од Италија. Сега по три месеци сме на една крстосница, дали постепено да го враќаме животот во нормала и граѓаните да се придржуваат до мерките за растојание и заштита или, пак, доколку мерките не се почитуваат, агонијата да продолжи и по неколку месеци повторно да воведуваме рестриктивни мерки“,

Според него, многу граѓани беа жртви и во ризик од оние граѓани кои не ги почитуваа мерките.

„Факт е дека вирусот нема да замине и ќе мораме да научиме да живееме со него, но ќе мораме да се заштитиме. Задолжително носење маска, одржување растојание и често миење на рацете. За жал, добар дел од граѓаните не се придржуваат до мерките, па и не веруваат дека вирусот постои. Ние со мерките продолжуваме понатаму и тоа е клучот со кој го враќаме животот во нормала. Целосно сме подготвени да се носиме со ситуацијата“, рече Филипче.

Последни превирања пак околу полицискиот час имаше на крајот од претходната недела, кога требаше да се одлучи дали целиот викенд кога имавме два празници треба да биде целосен карантин за време на викендов. Тогаш предлогот на комисијата за заразни болести беше целосен карантин, но вчера, само два дена по викендот тие предложија укинување на полицискиот час.

Доколку има нов бран, надлежните најавуваат повторно враќање на рестрикциите.