Што се случува со вашето тело кога работите од дома?

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Во текот на изминатиот месец, многу луѓе мораа да ги заменат своите канцеларии и брзо да се прилагодат на работата од дома за да помогнат во спречувањето на ширење на коронавирусот.

Сепак, работата од дома предизвикува физички стрес што можеби не го забележувате веднаш, но дефинитивно ќе го почувствувате подоцна.

Чекањето премногу долго, или да чекате за првите симптоми на некоја болест, е она за што многумина грешат, предупредува Алан Хеџ, директор на истражувачката група за човечки фактори и ергономија на Универзитетот Корнел.

Како што истакнува, држењето на телото во неутрална, опуштена положба додека работите е клучно за да се избегнат болките. Затоа е важно да се прилагоди импровизирана канцеларија.

Ако таа канцеларија не е ергономски дизајнирана, „ќе го забрзате почетокот на мускулно-скелетни проблеми, почнувајќи од вратот, рамото, грбот, зглобот, проблеми со нозете, сето тоа заради лошо држење на телото“, тврди Хеџ.

Еве што се случува во вашето тело за работа од дома во погрешни услови:

  1. Ве болат вратот и рамената

„Ако гледате во монитор на пониска висина, ги наведнувате вратот и главата напред и надолу, а тоа ќе ви го промени држењето“, рече Карен Лоесинг, сопственик на „Ергономски експерт“ со седиште во Калифорнија, кој проценува ергономијата за бизнисите.

Затоа, важно е да го поставите лаптопот или мониторот на точна висина, односно тие мора да бидат на ниво на окото, така што вратот и рамената се во неутрална позиција. Исто така, Лосеинг препорачува да ја менувате позицијата за седење често или до двапати на час.

2. Очите ви се уморни

Кога премногу долго гледате во отсјајот на вашиот компјутер, вие си ја отежнувате работата. Оваа навика може да доведе до дигитално напрегање на очите карактеризирано со главоболка, заматен вид, суви очи и болка во вратот и рамото.

„Напрегањето на очите е исто така често за оние кои не прават паузи од гледањето на нивниот екран“, рече Лоусинг.

Затоа, се препорачува одмор на секои 20 минути и да се гледа во далечни предмети најмалку 20 секунди. Исто така, ако работите од дома, Лоесинг препорачува да работите близу прозорци со природен извор на светлина.

3. Чувствувате затегнатост во колковите

Вашиот грб всушност треба да биде наклонет од 15 до 20 степени за да ги задржите колковите отворени и да не седите исправени. Седењето под агол од 90 степени може да предизвика болка во грбот што може да ве натера да се чувствувате како да имате 100 години.

За да ги избегнете болките, на секои 20 минути направете пауза и прошетајте низ вашиот дом.

4. Грчеви во нозете

Тие се знак на слаба циркулација. За да го избегнете ова, прилагодете ја висината на столот така што нозете да го допрат подот директно. Исто така, за да избегнете грчеви во нозете, препорачуваме пауза или кратка прошетка на секои 20 минути.

5. Болки во зглобовите

Болката во зглобовите е често резултат на синдромот на карпален тунел кој зафаќа 1,9 милиони Американци. Може да резултира во пецкање, вкочанетост и слабост на мускулите во рацете и прстите, велат од Центарот за контрола и превенција на болести.

Затоа, зглобовите секогаш мора да бидат во права или неутрална положба.

6. Болки во половината

Седењето во погрешна позиција го оптеретува вашиот лумбален предел, што може да доведе до повреди на грбот. Да седите во ергономска или неутрална положба што нема да ви го оптеретува грбот, свиткајте ја крпата и ставете ја зад грб додека седите на стол што нема можност за прилагодување на потпирачот за грб, советува ХафПост.

Левица до Собранието поднесе декларација за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии

Двајцата пратеници на Левица денеска до Собранието поднесоа Декларација за осуда на бугарските национал-шовинстички претензии. Пратеникот на Левица, Димитар...

532 лица во болница се лекуваат од коронавирус, 4 на респиратор – во „Козле“ 7 деца и 5 мајки

Четири лица од вкупно 532 хоспитализирани низ болниците во Македонија се наоѓаат на респиратор. Пациентите се наоѓаат во Градската општа болница „8-ми...

1,4 милиони евра за набавка на 60 респиратори за Македонија – НАТО помош за справување со коронавирусот

НАТО  обезбедува 1,4 милиони евра за набавка на 60 респиратори и дополнителна медицинска опрема, помошта е потврда на сојузничката солидарност кон нашата...

Нови рекорди на заразени во Хрватска и во Словенија

Рекордни бројки на заразени со коронавирус и денеска во Хрватска и во Словенија. Хрватските власти потврдија за новозаразени...

Марковски: Една маска која беше 2 денари, сега се продава за 60 денари

„Маските се скапи“, смета професорот Вело Марковски, кој ова го истакна во „Клик Плус“ на ТВ21. Тој истакна...