Што доколку едно дете има симптоми на Ковид-19, кој ќе оди во изолација?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „10 МИНУТИ“ на ТВ21 посочи дека апсолутно

„Апсолутно недозволиво е да се пушти дете во училиште или градинка, а да било дома болни, па дури и со некој благи симптоми кои заслужуваат да се евалуираат од матична педијатрија“, посочи Филипче.

Тој додаде дека имаат и развиено алгоритам за тоа што доколку детето развие симптоми за време на престојот во градинка или училиште.

„Се повикуваат родителите, но и епидемиолог од локалниот центар за јавно здравје којшто прави епидемиолошка проценка. Го цени ризикот, дали децата се придржувале до превентивните мерки, како одела комуникацијата во групите во градинката и според проценката се постапува дали ќе оди одреден број или целото одделение во изолација, тоа е одлука на епидемиологот кој ќе даде соодветни препораки“, појасни Филипче.