Шкупи ја совлада Ренова во „инфаркт“ меч на „Чаир“ и седум гола

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во најинтересниот натпревар од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи ја совлада Ренова со 4:3. „Чаирчани“ во првото полувреме водеа два пати, Ренова изедначуваше. Во второто полувреме „гипсарите“ за првпат поведоа, но Шкупи до крајот постигна два гола за конечен триумф.

Пелистер и го нанесе шестиот пораз на Беласица, Шкендија и Борец до трите бода стигнаа со идентични победи.

Постигнати резултати на неделните средби од 6.коло во ПМФЛ:
Беласица – Пелистер 0:2
Шкендија – Академија Пандев 2:1
Шкупи – Ренова 4:3
Силекс – Борец 1:2.

Играно вчера:
Македонија ЃП – Вардар 2:1
Работнички – Струга Трим Лум 1:1.

Табела :Шкендија 14 бода, Шкупи 13, Борец 11, Силекс 10, Македонија ЃП 10, Работнички 9, Пелистер 9, Вардар 7, Ренова 5, Академија Пандев 3, Беласица 0.