Шарапова му кажа збогум на тенисот на 32 години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Една од најдобрите тенисерки Марија Шарапова, се реши да му каже збогум на овој спорт на 32 години. Руската тенисерка во последно време ретко се појавуваше на турнири, откако во 2016 година беше позитивна на допинг после турнирот Австралија Опен.

Шарапова го освои Вимблдон во 2004 година, УС Опен во 2008 и Австралија Опен во 2010 година. Има и две титули на Ролан Гарос во 2012 и 2014 година.

„Тенис, ти кажувам збогум. Го дадов животот за тенисот, тенисот ми даде живот. Ќе ми недостасува“, рече Шарапова.