Шаќире и Мефаил добија нова куќа – „Од среќа не сакам да излезам од дома“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Желбата  на Шаќире од тетовско Палчиште стана реалност. Таа имаше само една желба – да имаат една куќа како ова што денеска ја имаат. Таа вели дека не може да ја опише радоста со зборови додека ни ја покажува новата куќа.

„Многу сум среќна што сме во новата куќа денеска. Немавме воопшто соба за спиење никогаш, сега имаме се, нови нешта. Одиме во  другата соба, која ни ја направија со сите добри нешта, овде е шпоретот, машината за алишта, немавме нова“, истакна Шаќире Рамадани.

ТВ21: Повеќе имавте потреба од бања?

„Кај старата куќа имавме само еден стар бојлер, ништо друго, а сега како што можете да гледате имаме туш, огледало, се“, додава Шаќире Рамадани.

Таа вели дека од среќа не сака да излезе од дома.

„Многу сме добро, толку сме добро што сега не ми се излегува од дома, седам во дневна, одам по собите, во кујната, во бањата. Бањата е многу добра, толку добро го направија што можеш да седиш внатре“, вели Рамадани.

Главата на семејството, Мефаил Рамадани вели дека ова е најголемото изненадување во неговиот живот.

„Најдобриот ден, многу емоционално, поголема радост не сум имал никогаш во животот. Ова е најдоброто задоволство досега“, посочи Мефаил Рамадани.

Џевахир Абази е еден од организаторите за изградбата на куќата. Тој вели дека голема помош пристигнала од Цирих – Швајцарија, каде живеат многу нивни соселани.

„Иницијативата беше на ТВ21, штом разбравме ние дијаспората, при што голем дел живее во Цирих – Швајцарија, со договор на Здружението што го имаме таму и локалната заедница на село Палчиште, прво проверивме дали како случај е вистински и потоа потврдивме дека навистина имаат потреба од хуманитарна акција“, посочи Џевахир Абази.

Двочленото семејство Рамадани им се заблагодарува на сите тие кои им помогна во изградбата на куќата.