Шахпаска: Заразеното дете престојувало во градинка само еден час на 9 септември, на 14-ти дознале дека е позитивно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заразеното 15-месечно дете престојувало во градинка само еден час на 9 септември. Следните денови родителите не го донеле, а вчера ја известиле градинката дека покрај целото семејството и детето е позитивно на Ковид -19.

Министерката Јагода Шахпаска вели дека будно ја следат состојбата во градинките.

– Министерството за труд и социјална политика има информација за 15-месечното дете, кое на 9 септември само еден час престојувало во градинка. Следните денови родителите не го донеле. На прашање од вработените во градинката зошто детето отсуствува, добиле информација дека се работи за вадење на запчиња и затоа детето е отсутно од градинката. Вчера на 14 септември, околу 16 часот градинката е известена од страна на родителите дека покрај цело семејство и детенцето е позитивно на Ковид-19 и нема да посетува градинка, ијави министерката за труд и социјална политика.

Согласно насоките на здравствените власти, вклучена е и епидемиолошката служба, ставени се во изолација сите во групата (јаслената група) во којашто било сместено детенцето како и воспитувачот и негувателот согласно протоколот и направена е вонредна дезинфекција на градинката.

– Како Влада кога ги носиме одлуките, свесни сме за ризиците што можат да произлезат од целиот овој процес. Не ни е целта кој било да го доведеме во опасност, неговото здравје да биде ставено во ризик. Будно ја следиме состојбата. Нашата цел е навремено да реагираме со вклучување на сите чинители кои го чинат тој синџир на носители на одлуки, на учесници во спроведувањето на тие одлуки или корисници на тие одлуки, рече министерката Шахпаска.