Семејството Вели живее во шатор, во паркот 2-годишната Еџе преплашена од животно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во мал шатор, со двегодишно дете и во парк, без ништо. Вака живее семејството Вели веќе пет дена. Поради тоа што немале средства да платат кирија, останале без кров над глава. Но малата Еџе не знае дека останала без куќа но со подготвените куфери бара да се врати во нивниот дом.
Нејзината мајка вели дека Еџе се плаши од едно животно кое го нападнало шаторот.

„Многу се исплашивме, и мислевме дека е некоја дива свиња, бидејќи така ни изгледаше од сенката, многу се исплашивме, не разбуди од сон. Таа ноќ многу тешко спиевме, тоа е тоа што да направиме-вели мајката на Еџе Вели.

Кога излегле од куќата каде живееле, имале само 35 евра, за 20 евра купиле шатор, а со останатите 15 евра се обиделе да купуваат храна.

И таткото Дрилон израснал како сираче, кога имал 6 години му починале мајката и таткото. Тој е од Дебар но како дете без родители, Центарот за социјална работа го донело во Скопје.

Маките на Дрилон не завршија, пред неколку дена останале без кров над глава и беа храна.

„Поради корона вирусот останав и без работа и деновите се скратија и немав можност да платам. И сопственикот на куќата рече дека му требаат пари, јас му реков немам пари, дека ќе ја ослободам куќата. Му ги дадов клучевите, купив шатор 20 евра, тие беа последните пари кои ги имавме, имав 35 евра го купив шаторот и дојдовме овде.“, изјави Дрилон.

Тој вели дека работел во градежништво, но сега останале без работа, не земаат социјална помош и немаат никакви месечни приходи.

Ова тричлено семејство бараа дом каде ќе можат да ја пораснат Еџе. Семејството Вели од вчера е привремено сместено кај едно семејство со цел да не ги остават да живеат во шатор овие денови, додека не најдат друго решение.

Контакт телефон: 076-731-625