Семејството и заразениот доктор од Битола сега се нагативни на коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сите членови на семејството на заразениот доктор од Битола со коронавирус се негативни на вирусот. Резултатите од тестовите ги добиле попладнево.

„Во домот живееме како петточлено семејство, јас со мојата сопруга Гордана, синот Христијан, снаата Емилија и малото бебе. Сите петмина, вклучувајќи го и бебето, бевме тестирани од корона вирусот. На д-р Христијан Трпчевски, во само 6 дена, тоа му беше трето тестирање.
За радост на целото семејство, сите пет резултати кои пристигнаа вечерва, а беа земени во саботата, се НЕГАТИВНИ и сите сме во добро здравје“, велат од семејството Трпчевски.

Во написот објавен на социјалната мрежа Фејсбук додаваат дека последните направени тестови се негативни на целото семејство па и на претходно заразениот доктор.

„Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски, тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба“, се вели во објавата на Фејсбук

Нивната приватна болница најавуваат дека ќе биде дезинфицирана и ќе започне повторно со работа на 13-ти април.